Швајцарската компанија „Бери Калебо“ (Barry Callebaut) произведе таканаречена здраво чоколадо, кое до крајот на месецот ќе се најде во продажба.
Актикоа е црно чоколадо која соддржи флавоноли кои ги прават крвните зрнца поеластични за еден до два отсто, што прави крвта полесно да поминува низ нашиот организам.
Какаото од кое се прави чоколадото, инаку ја соодржи оваа состојка, но тој се уништува при термичката обработка во производството на чоколадо.
Затоа сега компанијата „Бери Калебо“ одлучи да внесе измени во процесот на производство на чоколади и така да ги задржи важните флаваноли, пишува „Дејли мејл“.
– Не се работи за дополнително додавање на што било во чоколадото, за некој хемиски процес, туку само за нов начин кој ќе го сочува она што веќе постои во какаото, а што е битно за човечкото здравје, пред се за нашето срце, изјави портпаролот на компанијата.