Земајќи го предвид бројот на корисници на Фејсбук во 2018 година и врз основа на демографски истражувања на Обединетите Нации, стручни лица од Оксфорд дојдоа до заклучок дека најпопуларната социјална мрежа до 2070 година ќе има повеќе починати отколку живи корисници.
Според првичните проценки, до крајот на ова столетие ќе починат најмалку 1,4 милијарда корисници на Фејсбук. А пак, доколку таа заедница продолжи да расте како досега, тој број ќе изнесува вкупно 4,9 милијарди, што е скоро двапати повеќе од постојните живи 2,37 милијарда корисници.
Според истражувачите порастот на бројот на починати умрени корисници покренува важни прашања за нивната „виртуелна оставина“.
Дејвид Вотсон, автор на истражувањето, нагласи дека сè она што луѓето го споделуваат на Фејсбук, „има потреба да се претвори во историска архива на човечката култура.