Џорџ Клуни е повторно „соло“

Од:

Холивудскиот шармер, повторно е сам. Џорџ Клуни и кажа „довидување“ и на неговата последна девојка – младата Стејси Каблер.

Иако се чинеше дека 51-годишниот актер, можеби конечно ќе се смири покрај една девојка, со оглед на тоа дека тој и 32-годишната Стејси го поминаа цело лето заедно на неговиот имот на езерото Комо во Италија, Клуни и овој пат одлучи дека подобро му е кога е “соло“.

Парот, минатито месец, дури направи заедничка средба помеѓу нивните родители, но Стејси, поранешен спортски борач, сега им кажува на своите пријатели дека љубовната романса дојде до крајот.

Клуни очигледно нема намера да се жени, им раскажала Стејси на нејзините блиски пријатели. Младата убавица се исповедала дека токму кога помислила дека стануваат се поблиски, актерот се исплашил од близината и почнал сериозно да ја избегнува.

Клуни бил еднаш во брак, со актерката Талија Балсам, од 1989 од 1993.

Во меѓувреме плејада убавици прошле низ неговите раце.

Од Кели Престон, сегашната сопруга на Џон Траволта, до келнерката Сара Ларсон и презентерката Елизабета Каналис.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид