Американскиот актер, Џони Деп, ќе го глуми шефот на бостонската подземна мафија Вајти Булгер, известија Universal, продуценти на филмот „Black Mass“. Филмот ќе го режира Бери Левинсон и е посветен на животот на Булгер, американски мафијашки шеф кој станал шпиун за ФБИ за да го отстрани својот конкурент, но на крајот на 2011 година го уапсиле државни агенти.
Сценариото е според книга на двајца новинари на Бостон Глоуб. Снимањето ќе започне во мај годинава.
Режисерот Бери Левинсон е добитник на Оскар во 1988 година за најдобар режисер за филмот „Дождовен човек“, а познат е и по филмовите „Добро утро, Виетнам“ и „Багси“.