20th Century Fox е во финални преговори со Џек Паглен да го пишува сценариото за продолжението на Prometheus.
Научно-фантастичната авантура се појави во кино салите минатата година и заработи 400 милиони долари, а имаше буџет од 130 милиони – заработката не беше на нивото на кое се надеваше студиото, меѓутоа, доволно за продолжението да добие зелено светло.
Што се однесува пак до режијата, се очекува Ридли Скот повторно да се врати. Prometheus 2 треба да започне со снимање следната година.