Сатјот The Wrap денеска објави вест дека Џеј Џеј Абрамс е режисер на новиот Star Wars филм, со работен наслов Episode VII.
Засега, единствени официјални информации во врска со новата трилогија се дека првиот дел ќе се појави во кино салите во 2015 година, додека останатите два дела во 2017 и 2019 година.
Ова ќе покрене лавина коментари дали Џеј Џеј Абрамс е вистинскиот човек за работата, дали може истовремено да работи на две огромни франшизи, како и што е следно, односно кои актери ќе се појават во новата трилогија?
Инаку Џеј Џеј Абрамс е режисер на популарните серии Lost и Fringe.