Дизнилендот во Хонг Конг повторно ќе биде отворен

Од:

Тематскиот парк Дизниленд во Хонг Конг ќе биде повторно отворен за јавноста в петок, со намален капацитет и дополнителни здравствени мерки.

Во соопштението се вели дека ќе има проверки на температурата, задолжително носење маски, физичко растојание и почесто дезинфицирање. Ќе бидат означени и тн. „точки за сликање“ со ликовите на „Дизни“ на соодветно растојание.

Посетителите ќе мора однапред да прават резервации преку интернет.

Паркот привремено ги затвори своите врати во средината на јули, по засилените владини мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Тоа, околу еден месец по првото повторно отворање.

Властите Хонг Конг минатата недела ги олабавија ограничувањата откако масовната кампања за тестирање за коронавирусот придонесе за понизок број заразени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Посетителите вриштеа во Дизниленд: Се запали змејот кој блуе оган

Предраг Петровиќ

Повлечени средства за дезинфекција на рацете на Дизни, содржат канцерогени материи

А1он

Почина Рути Томпсон, легендарна цртачка на старата „Дизни“

Ана Ололовска

Скарлет Јохансон го тужи „Дизни“ за стрим на „Црна вдовица“

Ана Ололовска

„Дизни“ затвора 18 ТВ канали во Југоисточна Азија и Хонгконг

Ана Ололовска

„Дизни“ на Денот на планетата Земја со нови еколошки планови

Ана Ололовска