Копанијата „Дизни“ соопшти како петтото продолжение на популарната авантуристичка франшиза Пиратите од Карибите ќе биде објавен на 10 јули 2015 година. Џони Деп во новото продолжение повторно ќе ја репризира улогата на пиратот Џек Спероу, а неговите авантури ќе ги напише сценаристот Џеф Нејтинсон.
Вториот дел од филмот The Muppets во кината доаѓа на 21 март 2014 година, а датумот на објавување на фантастичниот трилер на Роберт Стромберџ, Maleficent, во кој главната улога ја има Анџелина Џоли, поместен е од 14 март на 2 јули 2014 година.
Режисерскиот проект на Бред Пит, ЗФ трилер от „1952“ со Џорџ Клуни во главната улога во кината би требало да дојде на 19 декември 2014 година.