Непредвидливите временски услови како што се студена пролет, благи зими и дождливи лета во последно време претставуваат голем проблем и предизвик за модните дизајнери кои се мачат како да дизајнираат облека соодветна за нагли промени.
Дизајнерите сега не знаат какви временски прилики ќе владеат во време кога нивните модни линии ќе се најдат на рафтовите и во излозите на бутиците, а во случаи кога ќе згрешат, облеката останува во продавниците додека цената не се намали толку да наштети на продажбата.
Дизајнерите се повеќе почнуваат да прават облека која не е наменета за ниту една сезона исклучиво.
„Токму поради честите и нагли промени на температурата, денес воопшто и не постои разлика меѓу зима, пролет, лето и есен” – вели Џејсон Ву, дизајнер на облека.
Поради оваа причина, се повеќе трговци и дизајнери вработуваат климатолози, за да им помогнат во предвидување на временските прилики, а Модниот Институт во Њујорк воведе нов курс под името Предиктивна аналитика на планирање на временските прогнози.
Курсот е креиран за да привлече интерес на студентите за продажба и дизајнирање, а има за цел и да помогне на светот на модата да се фати во костец со климатските промени.
Студентите сфатија дека е погрешно да сметаат на времето од минатата година, со оглед на тоа дека ланските временски прогнози не се релевантни.