Дигитални фотоапарати со Андроид апликации

Од:

„Никон“ и „Самсунг“ претставија фотоапарати на кои може да се инсталираат Андроид апликации како што се Гугл Плеј стор и преку 3Г или вај-фај врска моментално споделување на направените фотографии.

По одличниот успех со смартфоните, оперативниот систем Андроид го освојува и светот на дигиталните фотоапарати. Достапни се апликации со кои направените фотографии може да се објават на Инернет, преку „Фејсбук“ или „Инстаграм“.

Направените фотографии може веднаш да се обработат во фотоапаратот со фотоефекти или познати алатки од Фотошоп.

„Никон“ и „Самсунг“ се први производители што нудат Андроид модели.

Моделот Никон С800ц е опремен со ЦМОС сензор со резолуција од 16 мегапиксели, има голем оптички зум, а користи 3,5 инчен ОЛЕД екран осетлив на допир, има вграден вај-фај и ГПС за означување на направените фотографии. Фотоапаратот снима и Фул ХД видеозаписи кои може безжично или преку ХДМИ приклучок да се репродуцираат на ТВ.

Самсунг Андроид Галакси е опремен со четиријадрен процесор од 1,4 гигахерци, а освен вај-фај поврзување нуди и 3Г и 4Г модули. БСИ СМОС сензорот со 16 мегапиксели и 21џ зум снима Фул ХД видео, а опремен е со 4,8 инчен екран.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска