Девојките од Кина изнајмуваат дечко за кинеските новогодишни празници

Од:

Неколку дена пред кинеската Нова Година во Кина жените почнуваат да изнајмуваат мажи за да им бидат дечко, поради социјалниот притисок на неврзаните жени, пишува Би-Би-Си.

„Прилично сум стара, скоро 30 години, но немам дечко. Под голем притисок сум. Моите сестри и роднини постојано ме прашуваат зошто не сум мажена. Кога ќе ми звонат имам страв да се јавам“, вели Динг На.

Но, најпопуларната кинеска интернет продавница Таобао понуди изнајмување на лажен дечко. Рекламите нудат машка придружба за време на празниците за 32 евра. Некои понуди имаат и повеќе можности, како на пример за 5 долари на час може да ја придружува на вечера, а за 8 долари може да добие бакнеж на образот. Ако лажниот дечко ја преспие новогодишната ноќ во куќата на фамилијата на девојката ќе наплати 80 долари да спие во свој кревет, а 95 долари да спие на софа. Сексот не е опција на листата.

„Тоа е возбудлива работа. Има можност да најдам некоја која ги дели моите интереси и тоа ќе не направи и двајцата среќни“, вели Ли Ле, продавач на агрикултурни производи кој се пријавил на листата за изнајмување.

Тој тврди дека не го прави тоа за парите. Ова му е прва година кога нема да оди да ја види својата фамилија за Нова Година. До сега триесет жени го контактирале, но вели дека е тешко да најде некоја која ќе му верува доволно за да го покани дома за кинеската новогодишна прослава.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција