Детски кревет инспириран од „Фолксваген“ комби

Од:

Португалската компанија „Сирку“ со својата колекција „Бан Ван“ направи спој на место за спиење и комби на германскиот автопроизводител „Фолскваген“.

Станува збор за детски кревет инспириран од познатиот модел на комби на германската компанија. Иако овие кревети се неманети за деца, веројатно и многу возрасни не би одбиле да спијат во нив. 

Екстериерот на креветот-комбе е креиран од фиберглас финиширан со хромирани рабови, додека внатрешноста е направена од шперплоча од дрвото палисандар. Ентериерот доаѓа со речиси се што може да му затреба на едно дете – кревет, телевизор, простор за учење и софа.

Не е исклучено дека децата кои ќе спијат во еден од овие „модели”, повеќе никогаш нема да посакаат да легнат во „обичен“ кревет. 

Дизајнот е јасно инспириран од познатата серија комби на „Фолскваген“, што стана симбол за забава и слобода во време на хипи движењето.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска