Детска собата декорирана во стилот на Хари Потер

Од:

Брачна двојка од САД реши собата на своето дете да ја уреди во стил кој имаме можност да го видиме во серијалот филмови за малиот волшебник Хари Потер. 

Родителите истакнуваат дека дизајнот го правеле во соработка со познатиот уметник Нејт Барановски и дека се е завршено неколку месеци пред крајните рокови.

Таткото на детето вели дека е апсолутно задоволен од изгледот на собата и дека нивниот син ќе спие како да е во Хогвартс.

Тој додава дека е генерално задоволен од работата на Барановски, а посебно од сликите на прозорецот кои изгледаат реално, дури и за возрасно лице.

Мајката на детето вели дека овој дизајн на собата ќе го задржи само неколку години, додека детето не порасне и евентуално не почне да го мрази тој ентериер.

– Но, ако малку е сличен на својот татко, тој за секогаш ќе го сака овој дизајн, изјави таа. 

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска