Милион лајкови на фотографија на Фејсбук изгледа прилично тешко, но на пет деца тоа им успеа за помалку од 24 часа.
За да добијат домашно милениче децата не морале да учат повеќе или да помагаат во куќата. Нивната задача била во согласност со модерното време, односно тие требале на Фејсбук да собарат милион лајкови.
Рајан Кордел, на своите пет деца им ветил малo кученце, но само ако на Фејсбук соберат милион лајкови. Иако како експерт на социјалната мрежа би требало да знае подобро, Рајан се опуштил мислејќи дека нема да мора да купува куче. Меѓутоа, погрешил.
Неговите деца ги здружиле силите, снимиле фотографија на која стои натписот: „Поздрав до светот! Сакаме мало кученце. Нашиот татко вети дека ќе ни донесе ако собереме еден милион лајкови“. Помалку од 24 часа, односно за само 13 часа, тие собрале еден милион лајкови. Моментално имаат над 1,6 милиони лајкови.
– Изненадена сум. Не знам како успеаја така брзо да соберат толку лајкови, изјави нивната мајката за Еј-Би-Си Њуз.