Дете го исмеа еквадорскиот претседател Рафаел Кореа

Од:

Едно малолетно момче ненамерно го исмеа претеседателот на Еквадор, Рафаел Кореа и предизвика бранување на домашната политичка сцена, со својата маичка куси ракави.

Детето побарало да се фотографира за спомен со претседателот додека тој бил во посета на еквадорскиот пацифички брег облечен соема неформално. Кореа познат по тоа дека сака да се фотографира со луѓето, а посебно со младите, верувајќи дека тоа ја одржува неговата популарност, го прифатил барањето и позирал прегрнувајќи го момчето.

Но, ниту тој, а ниту кој било од неговата придружба не ја забележале пораката испишана на маичката на детето. На црната маичка со жолти букви,на англиски јазик пишувало „Јас сум со глупак“. Под натписот уште е втисната и стрелка, која во случајов била насочена кон Кореа.

Кога претседателот ја видел фотографијата, велат дека „позеленел“ од лутина, обвинувајќи ги лугето во претседателксиот кабинет што не забележиле со кого се фотографира, а уште повеќе што не спречиле снимката да се појави во јавноста.

Во Еквадор, каде откако Кореа е на власт драстично е намален рејтингот на земјата, кога станува збор за слободата на медиумите, ваквиот гаф на претседателот и на луѓето околу него беше пречекан со големо задоволство од опозицијата, од неговите политички противници и од јавните гласила.

Кога сликата ја објави еден домашен интернет сатиричен весник се отвори широка дебата на интернет мрежата за целиот случај. Едни му порачуваа на Кореа дека самиот е виновен за сликата, затоа што е премногу „опседант со себе и со својата популарност“. Други иронично забележуваат дека детето „сигурно е испратено од ЦИА“ за да ја дестабилизира владата, што е порака до претседателот кој постојано војува со Американците и со „надворешниот непријател“. Трети пак, серизоно се загрижени што ќе му се случи на малечкиот, предвидувајќи дека за него ќе нема место во еквадорските училишта.

Луѓето околу претседателот во обид да ја неутрализираат „негативната“ пропаганда, ги покренаа приврзанците на Кореа, па на неговата Твитер страница се најдоа стотици пораки со поддршка и со негирањето на пораката од маичката на детето.

Вакви маички на кои најчесто на англиски јазик се испишани разни пораки има насекаде низ светот, но загрижените родители на детето, сериозно се исплашиле од можните последици за нив и за малото момче.

Затоа побрзаа да се оправдаат, дадоа изјави во еквадорските медиуми дека не знаат англиски, дека не разбрале што пишува на маичката и дека немало никаква лоша намера при барањето за заедничка снимка на детето и претседателот Рафаел Кореа.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници