Детали за апсењето на српскиот рапер Раста

Од:

Познатиот српски рапер Стефан Ѓуриќ Раста бил приведен ноќеска на стадионот во Охрид. Министерството за внатрешни работи објави за приведувањето на српски државјанин со иницијали С.Ѓ.

– На 03.08.2025 во 00.10 часот на стадионот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишиле С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија, кај кого при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во информацијата од МВР.

Претходно, српските медиуми објавија дека раста бил приведен во Охрид поради поседување наркотици.

Би можело да ве интересира

Раперот Диди Комбс ќе биде ослободен на 8 мај 2028 година

Горан Наумовски

Српскиот рапер Раста уапсен во Охрид

Раперот кој доби смртни закани поради песната за Македонија поднел пријава во бугарската тајна служба

A1on

(ВИДЕО) По ироничната песна за Македонија: Бугарски рапер добил над сто смртни закани

A1on