Десетици илјади корисници без пристап до Твитер

Од:

Најмалку десетици илјади корисници низ светот попладнево не можеа да се вклучат на социјалната мрежа Твитер, јави Скај њуз.

При обид да се вклучат, страницата покажуваше знак за грешка и бараше од корисниците да се обидат повторно.

Ова е прв голем прекин на Твитер по проблемите во САД во февруари поради техничка грешка.

На 4 октомври 2021 година, Фејсбук, Инстаграм и Ватсап беа недостапни во временски период од шест до седум часа, потсетува британскиот медиум.

Медиуми коментираат оти не се знае дали денешната пречка е поврзана со откажувањето на Илон Маск да го купи Твитер.

Во саботата, Маск се повлече од договорот да го преземе Твитер за 44 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска

Илон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Ана Ололовска

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска