Десет години Skype

Од:

Скајп го прославува десетиот роденден. Оваа платформа за разговори, аудио и видео кoмуникација денес ја користат најмалку 600 милиони луѓе, а сопственик на Скајп во меѓувреме стана „Мајкрософт“, кој за тоа плати 8,5 милијарди долари.

Било да станува збор за прослава на роденден, подучување, разговор за работа или сосема обична комуникација, Скајпот за повеќето корисници на компјутери и мобилни телефони станал секојдневна потреба.

Согласно јубилејот, Скајп со своите корисници ја подели информацијата за новиот рекорд. Повеќе од 33 милиони часови дневно луѓето минуваат во разговори, телефонски или аудио и видео комуникации преку Скајп.

Скајпот е една од оние успешни приказни за бизнис во светот на интернетот. Сепак почетокот на оваа бизнис приказна не се одиграл во гаража на амбициозни програмери во некој американски град, туку во естонскиот главен град Талин. Мобилната телефонија пред 10 години била значително скапа и на луѓето им била потребна алтернатива. Летото 2002 година Швеѓанецот Никлас Ценштром и неговиот партнер Данецот Јанус Фриис дошле на идеја да направат софтвер кој ќе овозможи бесплатно телефонирање преку интернет.

Во меѓувреме на интернет корисниците им се понудени платформите Гугл Ток и Вибер, но Скајп и натаму доминира.

– Скајп стана стандард. Конкуренцијата е тешко да го достигне истото тоа, изјави Фите Штегерс, експерт за интернет услуги.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска