Денис Чемберс со формацијата „Trace elements“ вечерва во Станица 26

Од:

Вечерва во Станица 26, со почеток во 22 часот „3Гонга“ со гордост ви ја претставуваат трио формацијата „Trace Elements“ на прочуениот Paolo Di Sabatino со познатиот американски тапанар Dennis Chambers.

Куриозитет за овој тапанар е што тој почнал да учи да свири уште на свои четири години, а почнал на настапува во ноќни клубови на само шест години. Иако, нема формално образование, помеѓу тапанарите тој е еден од ретко познатите по својата техника во изведбата и брзината.

Чемберс си поигрува со широк спектар на музички жанрови, но можеби е најзначаен за неговата џез фузија, фанкот и латинската музика.

Познат е по неговите „брзи раце“. Чемберс досега има снимено и настапувано со многу значајни музичари од светската музичка сцена како John Scofield, George Duke, Brecker Brothers, Santana, Parliament/Funkadelic, John McLaughlin, Mike Stern, Greg Howe…

Ова е негово трето гостување во Скопје. Првиот пат настапи со англискиот гитарист Јohn Мclaughlin и еднаш на големиот концерт со Сантана.

Легендарниот тапанар кој досега има настапувано со најголемите имиња од светската музичка сцена, овој пат, заедно со Паоло Ди Сабатино и Христијан Галвез ја завршуваат својата европска турнеа токму во Скопје.

Следната година на 8 ноември Денис повторно ќе настапи во Скопје заедно со Victor Wooten и Bob Franceschini.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски