Денеска целосно затемнување на Месечината

Од:

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека денеска ќе се случи целосно затемнување на Месечината.

Овој феномен се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината се во иста рамнина. Тогаш Месечината добива црвенкаст сјај бидејќи влегува во земјината сенка, поради што често се нарекува „крвава Месечина“.

Месечина затемнување 1

За разлика од затемнувањето на Сонцето што се случи на 20. март, затемнувањето на Месечината ќе биде видливо на целата планета, особено во деловите каде ќе биде ноќ. Затемнувањето треба да почне во 12:15 и ќе трае до 15:45, а ќе биде видливо во Северна Америка, Азија, Австралија и Нов Зеланд. Затемнувањето ќе трае четири минути и 43 секунди.

Следното затемнување на Месечината ќе биде на 28 септември 2015 година.

Затемнувањето на Месечината како спектакуларна астрономска појава во минатото често се сметала како лош знак, што најавува некаков неуспех.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ