Астрономскиот часовник, една од главните туристички атракции на Прага ќе биде демонтиран поради реставрација која што ќе трае неколку месеци.
Часовникот, на кој што се прикажуваат неколку фигури, го покажува времето, годишното доба и положбата на небеските тела. Туристите се собираат на централниот плоштад за да ги гледаат фигурите како се вртат кога се отчукува пол час.
Последното откуцување пред раставрацијата беше денеска во 9 по локално време.
Часовникот бил поставен во 1410 година, а ова е прва реставрација по Втората светска војна.