„Волшебна” таблета нуди нова надеж на астматичарите

Од:

 Борбата против астмата наскоро може да стане многу едноставна, благодарение на новата „чудотворна” таблета.

Се работи за прва таблета произведена во последниве 20 години, која значително ги намалува сите потешкотии кои ги предизвикува оваа болест.

Таа е дело на научници од Универзитетот „Лечестер“, кои тврдат дека таблетата ќе биде многу успешна.

– Оваа таблета може да донесе големи промени во иднина во лекувањето од астмата”, изјави раководителот на тимот Крис Брајтлинг.

Таблетата „Февипипрант“ значително ги намалува симптомите на астмата, ја подобрува функцијата на белите дробови, го намалува воспалението и ја подобрува состојбата на дишните патишта.

Моментално се вршат проценки на тестовите направени на пациенти болни од астма. Во тестирањето учествувале 61 лице, при што еден дел од нив двапати дневно добивале 225 милиграми од лекот во период од 12 недели, додека на останатите им биле давани плацебо лекови кои ги добивале и претходно.

Истражувањето е замислено со цел примарно да ги истражи ефектите од воспалението на дишните патишта со мерење на еозинофилот во плунката. Се работи за мерење на белите крвни зрнца, чиј број е зголемен во случај на астма. Со тоа мерење се проценува сериозноста на состојбата на пациентот.

Луѓето кои не се болни од астма имаат помалку од еден отсто, додека процентот кај заболените изнесува пет отсто.

Кај испитаниците кои ја пиеле новата таблета процентот од просечните 5,4 отсто на еозинофилот паднал на 1,1 отсто во испитуваните 12 недели.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски