Џеф Вилијамс, кој има тројца внуци, сака да постави нов рекорд на Американец кој најдолго престојувал во Вселената.
Вилијамс (58) досега имал три долги мисии во Меѓународната вселенска станица (МВС) и со последната, што започна денеска. тој ќе го надмине рекордот на Скот Кели, поставен оваа година.
До крајот на полугодишната мисија, Вилијамс треба да стане „прв Американец кој минал 534 дена во Вселената‟, соопшти НАСА.
Кели (52) мина речиси една година во орбитата и се врати на Земјата на почетокот на овој месец со вкупно 520 дена „стаж‟ на Меѓународната вселенска станица. Неговиот престој беше експеримент во кој е тестирано како човековото тело реагира на толку долг престој надвор од Земјата.
„Светскиот рекорд“ според вкупното најдолго време минато во Вселената, го држи рускиот астронаут Генадиј Падалка, кој минал 879 дена во орбитата во текот на својата кариера. Тој последната мисија ја заврши во септември 2015 година.
– Голема привилегија е да се биде дел од сето ова. Чувствувам дека сум подготвен да се вратам на Меѓународната вселенска станица, изјави Вилијамс пред полетувањето од космодромот Бајконур во Казахстан.
Тој во МВС ќе мине 362 дена и ќе има три вселенски „прошетки“.
Со него денеска во Меѓународната вселенска станица пристигнаа и руските астронаути Олег Скрипрочка и Алексеј Овчинин, каде му се придружија на Јуриј Маленчек.