Инди хоророт со Кристијан Слејтер, Плејбек, се закити со неславната титула – филм со најмала заработувачка во САД во текот на 2012 година.
Филмот вкупно заработил 264 доалри, а се прикажуваше една недела само во едно кино. Во ноќта на премиерното прикажување заработи 252 долари, а останатите 12 долари во текот на наредните денови и потоа е повлечен од кината, јави Box Office Mojo.
Се претпоставува дека новото остварување на 43-годишниот актер, кој некогаш беше ѕвезда на високобуџетни проекти го гледале околу 33 луѓе, врз основа на тоа што тамошната просечна цена на киновлезниците изнесува 7,94 долари.