Данската кралица скептична кон Фејсбук

Од:

Данската кралица Маргарет предупреди во своето новогодишно обраќање на влијанието што социјалните медиуми го имаат врз меѓучовечките односи, јави дописникот на МИА.

Кралицата Маргарет укажа на притисокот кој младите луѓе во Данска го доживуваат во едно време кога дури и фејсбук-профилот претставува “излог“ кон социјалната средина, повикувајќи ги младите да бидат тоа што се, доследни на самите себеси.

– Станува збор за тенденција во актуелниов миг да се прикажува слика на перфектен живот заснован врз брак, деца, инспиративна работа, интересни активности во слободното време и младешки надворешен изглед, независно од возраста.

– Кој може да го постигне сето тоа? – постави прашање данската кралица во своето новогодишно обраќање до јавноста.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он