Данските власти побараа од компанијата „Мајкрософт“ да плати данок од 5,8 милијарди круни (778 милиони евра).
– Мајкрософт и должи на државата вкупно 5,8 милијарди круни, објави денеска данскиот јавен сервис ДР.
Данските даночни власти се во преговори со американските колеги и со компанијата за да ја повратат големата сума пари.
Ненаплатените даноци се поврзани со данската групација „Навижин“ што беше преземена од „Мајкрософт“ преку филијала во Ирска.
Данските даночни власти тврдат дека американската компанија не платила соодветна сума за преземање на компанијата, а потоа активите ги префрлила во Ирска, која има помали даноци.