Даниел Крег ќе глуми во уште два филма за Џејмс Бонд

Од:

Британскиот актер Даниел Крег ќе игра во уште две продолженија на филмскиот серијал за најпознатиот таен агент. Минатата недела тој потпиша договор по кој добие 25 милиони евра за  двете нови продолженија.

Годинава во кината го очекуваме „Skyfall“ третиот филм во кој го игра акциониот херој Џејмс Бонд, а самиот Даниел многу сериозно ја сфаќа својата улога.

„Морам постојано да одржувам добра форма бидејќи улогата од мене бара да правам разни егзибиции“, изјави Крег.

Според последната најава за филмот Бонд во „Skyfall“ ќе ја лажира својата смрт, а покрај Даниел во филмот се појавува и Хавиер Бардем кој доби улога на главен негативец.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид