Далматински деликатеси во „Јавна соба“

Од:

Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје денеска ќе биде претставена далматинската кујна.

„Вкусот на Далмација“ е уште една програмска активност во рамки на програмата „Вкусот на Скопје“ која „Јавна соба“ ја спроведува во соработка со гости готвачи и има за цел да креира вистински вредности во гастрономијата и добро конзумирање храна во Македонија.

Храната ќе ја подготвуваат готвачите од Задар, Игор Чупахин и Марцел Шкарица по традиционални рецепти наследени од нивните мајки и баби, а надградени со сосови и зачини.

Подготвено е типично приморско мени кое е зачинето со континентални намирници за да се избалансираат вкусовите и да се доживее Далмација.

Би можело да ве интересира

Лажен полицаец измамил скопјанка, па и зел 3.200 евра

18-годишна девојка во центарот на Скопје била нападната од манијак

Горан Наумовски

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски