Нашите деца растат во свет, во кој повеќе стотици пати на ден гледаме во некој екран, без разлика дали станува збор за телевизор, компјутер, таблет или мобилен телефон.
Постојат неколку едноставни показатели, кои ви укажуваат на тоа дали вашето детео станало вистински зависник од тие уреди и е неспособно барем на 24 часа да се одвои од нив.
Најновите истражувања покажуват дека децата се повеќе време поминуваат, гледајќи во некој екран, од телевизорот преминуваат на компјутерот, па на мобилниот телефон и сето тоа со мали паузи за појадок, превоз или спиење.
Доколку се обидете тоа да им го оневозможите и да им го ограничите гледањето во екран, тие ќе покажат симтоми на повлекување во себе и депресија, кои можат да бидат посилни од оние кога станува збор за зависност од дрога или алкохол.
Истражувањата покажуваат дека доколку им се одземат електронските телекомуникациски уреди, децата стануваат нервозни и лути, а самите својата врска со тие апарати, ја нарекуваат „зависност“.
Повеќето испитаници во истражувањата се почувствувале осамени и загубени без своите апарати.