Цукерберг на рејв забава играл до изнемоштеност

Од:

На фотографијата јасно се гледа младо момче кое изгледа токму како директорот на Фејсбук, а се наоѓа меѓу екипата на една луда рејв забава во Лос Анџелес. Сепак, на мnогумина им е тешко да поверуваат дека станува збор за Цукерберг.

На Интернет почна да се кружи фотографија за која многумина тешко поверувале дека не е фотомонтажа, но сепак, никогаш не се знае. На фотографијата од една рејв забава во Лос Анџелес, меѓу групата веќе помалку изнемоштени од целоноќното играње, се гледа и едно момче во испотена маица и фармерки, кој со изгледот неодоливо потсетува на ултимативниот „geek“ и директор на социјалната мрежа на сите социјални мрежи, Марк Цукерберг.

„Gawker“ јавува дека тој засега не ја потврдил автентичноста на фотографијата, а Ди-Џејката Дори, која таа ноќ пуштала музика, на нејзиниот Фејсбук профил објави дека фотографијата е забележана пред три години, а во еден од коментарите напиша и дека навистина станува збор за Цукерберг.

– Да, тоа е навистина тој. На забавата музика пуштаа и двајца инженери на Фејсбук, рече Дори.

Цукербер, инаку епознат како огнен обожавател на Грин Деј и  кантри ѕвездата Тејлор Свифт, но очигледно ниту електронската музика и лудата ноќна забава до изнемоштеност не му се одбивни.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он