Австриецот Феликс Баумгартнер (43), првиот човек кој го проби звучниот ѕид, скокајќи од височина од 39.044 метри, како 5-годишно дете нацртал цртеж со кој наговестил со што би се занимавал во иднината.
На цртежот од 1974-та година Феликс се нацртал себеси како лебди со падобран свртен кон земјата, додека на тлото го чека семејството.
„Го нацртав овој цртеж и и го дадов на мајка ми. По мојот прв скок на 23-ти август 1986-та година, мајка ми ми го врати. Интересно е каде ви одат мислите и визиите, ако сте концентрирани и не се откажувате колку и да е тешко“, напиша Феликс на својот Фејсбук профил.