Постојат мноштво проекти кои се занимаваат со осветлување на планетата на органски начин. Таква е и „Consol“ соларната тегла.
Паметен соларен панел е поставен на капакот на теглата која ја впива сончевата светлина во текот на денот. Кога ќе зајде сонцето, мала ЛЕД светилка внатре во теглата е подготвена да засвети.
„Consol“ произведе повеќе контејнери за чување на стакло во Јужна Африка, но речиси неодамна додадоа ЛЕД светилки и ја направија оваа симпатична лампа.
Совршена е за кампување или седење надвор. Капакот на оваа соларна тегла исто така ја чува енергијата што се впива во текот на денот. Кога еднаш ќе се наполни, ЛЕД светлото трае шест часа пред целосно да се испразни.