Цигарите со филтер не заштитуваат од рак

Од:

Здравствени експерти и лекари на Универзитетот Ерџиес во Турција откриле дека цигарите со филтер не заштитуваат од рак, туку само го насочуваат на други органи во телото.

– Цигарите без филтер предизвикуваат рак кој се концентрира главно на белите дробови, додека оние со филтер предизвикуваат канцер кој се шири низ цело тело, изјави директорот на онкологија на Медицинскиот факултет во Ерџиес, доктор Метин Озкан.

Тој додаде „претходните години зачестиле видовите на рак предизвикани од употреба на цигари без филтер, додека во последно време зачестиле и водовоте на рак предизвикани од цигари со филтер“.

Озкан истакнува и дека непушачите се во голема опасност од добивање рак доколку подолго време минуваат во друштво со пушачи, нагласувајќи дека и наргилето е штетно како и цигарите бидејќи во него се наоѓаат големи количества на катран и други канцерогени супстанци.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

СЗО им објави „војна“ на електронските цигари

Жарко Настоски

Пушењето значи поголема опасност при зараза со Ковид-19

Македонците се најжестоки пушачи во регионот и Европа и меѓу првите десет во светот