Четвртото продолжение на „50 нијанси“ стигнува на 18 јуни

Од:

Е.Л.Џејмс, авторката на плантарниот книжевен феномен „50 нијанси“, се враќа со ново, четврто продолжение на популарниот еротски серијал.

Книгата под наслов „Grey“ (Сива), ќе биде објавена на 18 јуни, соопштија од издавачката куќа Винтиџ Букс.

Овој пат приказната е раскажана од „машки агол“ т.е. од аголот на милијардерот Кристијан Греј, чија жешка романса со младата Анастазија Стил стана опсесија од меѓународни размери.

50-shades-of-grey-soundtrack-2015-republic-billboard-650

Британската писателка наведе дека новата книга е посветена на читателите  кои ја „молеле и молеле и молеле“ да го напише романот каде наратор ќе биде Кристијан.

– Кристијан е комплексен лик и читателите од самиот почеток беа фасцинирани од неговите желби и мотивации, како и неговото проблематично минато, наведе Џејмс.

– Како што знае секој кој бил во врска, во секоја приказна постојат две страни, истакна таа.

Од издавањето на првиот роман во 2011 година, трилогијата „50 нијанси“ продадена е во повеќе од 125 милиони примероци и ги собори рекордите во продажба, како на печатени така и на електронски изданија.

Истоимениот филм, прикажан во почетокот на годината заработи повеќе од 500 милиони долари низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ