Четири намирници што го зајакнуваат имунитетот

Од:

На нашето поднебје постои традиција за лечење со билки, помеѓу кои четири намирници многумина ги користат.

Лук

Лукот се бори против вирусите. Нашите баби го користеле лукот за лечење на рани, срцеви заболувања, сипаници, настинки и грип. Докажано е дека лукот има антивирусни и антибактериски својства, тој е силен антиоксиданс и го зајакнува имунитетот. Одличен е за лечење на дијабетес, карцином и болести на срцето, го намалува холестеролот и крвниот притисо и спречува мозочен удар.

Рен

Оваа билка има исклучително лековити својства: убива вируси, бактерии и габи, е ефикасна кај настинка и грип и ги чисти запушените синуси. Лек е за грлото и е богат со витамини и минерали.

Кромид

За да спречите згрутчување на крвта во крвните садови и дијабетес, кромидот треба да се јаде секој ден. Денес, лековитата способност на ова растение во свежа состојба е потврдена од науката.

Кисела зелка

Киселата зелка е златна ризница на витамин Ц и многу минерали. Тоа е одличен чистач на тело, затоа нутриционистите го препорачуваат во секојдневната исхрана, особено кога јадете месо. Тоа е диуретик, штити од опасни болести, го спречува стареењето, а расолта помага во работата на жолчката и го намалува шеќерот. Стариот народен рецепт вели – јадете најмалку 200 грама кисела зелка на ден – ќе бидете полни со сила и вирусите ќе ве заобиколат.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска