Популарниот глумец Чарли Шин, за потребите на новиот филм во кој глуми „Мачетата убива“, одлучи да си го врати своето старо име Карлос Естевез.
Актерот се одлучил на овој чекор откако увидел дека во филмот се појавуваат претежно латино-американски глумци, и оти неговото уметничко име отскокнува од нив.
Во новото продолжение на култниот филм, чиј прв дел се појави во 2010 година, ќе глуми и пеачката Лејди Гага, а премиерата се очекува кон крајот на годината.
Ова ќе биде прв пат Шин своето име да го користи во неговата актерска кариера.