Овие интересни и иновативни чанти се изработуваат со зашивање на Лего коцки и порабување на целиот предмет со сатен.
Дизајнерката која стои зад овој проект вели дека и требало доста време да го осмисли дизајнот и техниката и да пронајде вистински материјали и алат за правење на чантите.
Таа денеска е сосема задоволна со резултатот. Деталите не се само детали – тие го прават дизајнот додека најдобрите идеи се оние кои на почетокот се сметаат за шега, тоа е нејзиното мото.