Кафулето „Писта кафе“ се наоѓа во Монтреал, a карактеристично е по тоа што во ентериерот има велосипед кој служи за мелење на кафе. Трициклот ја комбинира човечката сила, технологијата и задоволството што го дава кафето.
Целта на „Писта кафе“ е да се смени кафуле со номадски стил и да стане статично, задржувајќи го чувството на типичен уличен угостителски објект.
Кафулето е поделено на две различни секции. Од една страна се наоѓа долга клупа, а во другиот дел е сместен работниот простор.
Во работниот простор се наоѓа и местото дизајнирано специјално за трицикл млинот.