Порше Дизјан Студио го претстави најголемиот телевизор во светот Ц СЕЕД 201, кој има екран со пречник од 4,9 метри.
Телевизорот е толку голем што мора да се чува надвор.
Моделот Ц СЕЕД 201 на австриската компанија Порше Дизјан Студио е достапен по цена од 660.000 долари. Од компанијата очекуваат годишно да продава по 25 вакви телевозори.
Кога е исклучен, уредот е заштитен, а кога ќе се вклучи седум панели излегуваат од заштитната структура и го формираат екранот на телевизорот.
Екранот е изработен од 725.000 ЛЕД диоди, кои имаат способност да прикажат 4,4 билиони бои. Уредот поседува и биометриски сензор за отисок на прсти, со цел да се спречи користење од неовластени лица.
Ц СЕЕД е нов бренд настанат по една година искуство. Брендот има единствено наследство бидејќи ги собира најдобрите умови од разни научни сегменти, нагласува Александар Сватек, од групата Глобал Брајт.