„Буби“ и други олдтајмери денеска може да се видат во Скопје. Станува збор за собир и прослава по повод 13-годишнина од првиот собир на „Буба клуб Македонија“.
Претседателот на овој клуб на историски возила, Тиберие Киријас во изјава за МИА појасни дека најстариот автомобил што може да се види на собирот, датира од 1967 година.
– Официјалниот настан започнува во 12 часот. Во 19 часот, пак, ќе се чекаме пред хотел „Континентал“ за да тргнеме кон клубот на „Ноќните волци“, кои слават 17 години. Ќе прославиме заедно со нив, вели Киријас.
Автомобили на платото пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје, покрај од повеќе клубови од нашата држава, има и од Грција – Кефалонија, од Србија – Врњачка Бања, Ниш, Врање, Нови Пазар, како и од Бар во Црна Гора.
Гостите, меѓу другото, ќе ја посетат Старата скопска чаршија, ќе прошетаат и ќе се запознаат подобро со главниот град.
Киријас додаде дека убаво е институциите да можат да поддржат одржување вакви настани, да има повеќе општествено одговорни фирми, бидејќи како што посочи, вакви настани бараат средства за да може да се испочитуваат луѓето кои патувале, на пример, 800 километри од Кефалонија.
Фото: МИА