Олтајмери и мотоцикли од шест држави на вториот „Skopje Classic Day”

Над 50 олтајмери и 30 класични мотоцикли постари од 35 години ќе бидат изложени денеска на меѓународата манифестација „Skopje Classic Day” што втора година по ред ја организира клубот „Gentleman’s Crew”.

Годинава, покрај домашните изложувачи, своето учество го имаат потврдено и колекционери од пет држави кои ќе се претстават со 25 олтајмери. Ќе бидат присутни колекционери од Хрватска, Србија, Косово,Бугарија и Германија.

Изборот на најдобар автомобил и мотоцикл ќе го прави тричлено стручно жири, кое ќе ги оценува возилата поделени во класи. Претседател на жирито е професор Харалд Лешке, поранешен главен дизајнер на Mercedes-Benz и тим лидер во проектот на суперавтомобил Maybach Excelero.

Покрај презентацијата на возилата и мотоциклите, настанот ќе биде збогатен и со низа други содржини.

– Оваа година организациски настанот оди едно скалило погоре, за што се погрижи хотелот Александар Палас во Скопје, кој е домаќин на собирот. И овој пат, главната идеја за организирање на настанот е да се соберат на едно место префинети примероци на историски возила од регионот и пошироко, и во една лежерна атмосфера да се ужива во убавата музика, мода и вино, кои ќе претворат овој ден на убавината и елеганцијата, во ден на вистинско уживање, велат организаторите.

Би можело да ве интересира

Над 50 олтајмери и 30 класични мотоцикли на „Skopje Clаssic Day“

Ана Ололовска

Презентација на возила на полигонот на АСУЦ

Ана Ололовска

Ревија на олдтајмери викендов во Делчево

Ана Ололовска

Второ дефиле на автомобили од марката „Пежо 404“

Ана Ололовска

Дефиле на љубители на возилата пежо 404 во Скопје

Ана Ололовска

Благодарница за Општина Аеродром за поддршка на изложбата на олдтајмери

Ана Ололовска