ВИДЕО: Олдтајмерот на Ал Капоне „1928 Кадилак“ е ставен на продажба

Од:

Од компанијата „Celebrity Cars“ кој го продава моделот на Кадилак „1928“  велат дека автомобилот на гангстерот Ал Капоне е навистина реткост што се уште е во возна состојба.

Блиндираниот автомобил е опремен со стакло од еден сантиметар и голем оклоп.

Кадилакот содржи менувач од четири брзини, а има поминато околу 1,111 милји.

Компанијата која го продава автомобилот претпоставува дека Капоне го купил Кадилакот од близок роднина во Чикаго.

Карактеристично е тоа што задниот прозорец од автомобилот е изработен да се спушта брзо така што им дозволува на патниците да го користат своето оружје додека автомобилот е во движење.

Стаклото е изработено така што овозможува митралезот да биде потпрен додека се истрелуваат куршуми кон целта.

Според „Celebrity Cars“, историјата на кадилакот е евидентирана уште од 1932 година и може да се следи од натписи објавени во стари американски весници, стари записи на „IRS“ и сметки дадени од неговите сопственици.

 

Би можело да ве интересира

„Буби“ и други олдтајмери на собир во Скопје

Ана Ололовска

Делчево го доби првиот Музеј на олдтајмери

Ана Ололовска

Оневозможен е пристапот до Музејот за стари возила на Дионис Пашлаков

Ана Ололовска

Олтајмери и мотоцикли од шест држави на вториот „Skopje Classic Day”

Ана Ололовска

Над 50 олтајмери и 30 класични мотоцикли на „Skopje Clаssic Day“

Ана Ололовска

Презентација на возила на полигонот на АСУЦ

Ана Ололовска