Бронзa за македонски информатичари на Oлимпијадата во Австралија

Од:

Македонскиот тим информатичари, избрани од циклусот национални натпревари по информатика на 25-тата Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2013), која се одржува во Бризбејн, Австралија, освои бронзен медал.

Овој резултат на Бојан Серафимов, Климент Серафимов, Росица Дејановска и Васил Кузевски, предводени од лидерите, Миле Јованов и Емил Станков, претставува продолжување на континуитетот на успешни претставувања на Македонија на интернационалните информатички олимпијади во последниве неколку години и нова потврда за знаењата од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.

ИОИ е најпрестижниот годишен натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. На ИОИ 2013 учествуваат вкупно 299 ученици, кои право на учество обезбедија преку националните натпревари во програмирање спроведени во 80 земји од целиот свет.

Во ваква силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои Бојан Серафимов, ученик од Виница, а треба да се напомене дека и останатите тројца наши натпреварувачи постигнаа одлични резултати.

Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, Миле Јованов информатиката е олимписка дисциплина која на Македонија само во последните 4 години и има донесено 6 медали од интернационалната олимпијада и 22 медали од балканските олимпијади, што ја прави еден од најтрофејните дисциплини.

Здружението на информатичарите на Македонија, како организатор на националните натпревари и организатор на учеството на интернационалните олимпијади, посочува тој, редовно се соочува со проблеми во обезбедување на финансирање за спроведување на натпреварите и покривање на трошоците за патување.

– Оваа година само дел од трошоците ги покрија Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и компаниите Нетцетера и Ассеко-СЕЕ, додека останатите трошоци се на директен товар на учесниците, информира Серафимов.

Освоен медал на интернационална олимпијада значи полна стипендија за студирање директно од некој од најпрестижните светски универзитети по информатика која може да достигне и до 250.000 долари, што значи дека државата може да заштеди сума во таа висина, од програмата за стипендирање студирање на странски универзитети, со пренасочување на само мал дел од тие средства кон организација на натпреварите.

Натпревар кој претстои на најдобрите македонски ученици по информатика е Балканската олимпијада по информатика, која ќе се одржи во септември, во Сараево, Босна и херцеговина.

Следната, 26-та по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2014), ќе се одржи од 13-ти до 20-ти јули во градот Тајпеј, Тајван.

Би можело да ве интересира

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Бронзен медал за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика одржана онлајн во Грузија

Ана Ололовска

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска