Научници од италијанската еколошка организација „Пријатели на морето“ утврдиле дека бродовите при нивните пловидби низ светските мориња годишно од небрежност убиваат по 20 илјади китови.
Студијата на организацијата што е проект на Светската организација за одржливост покажала дека комерицијалните бродови предизвикуваат најголеми штети врз популацијата китови, животни што од 2016 година се прогласени за загрозена врста.
„Според податоците, последните 20 години бројот китови во светските мориња е преполовен“, пишува порталот „Данас“.
Минатата година е покрената кампања за заштита на китовите поради зголемениот број смртни случаи предизвикани од удар на бродови, во услови кога се зголемува поморскиот транспорт.
Програмата „Пријатели на морето“ има за цел клиентите да влијаат врз транспортните компании да ги намалат ризиците од бродски удари со смртни последици по китовите.
Ознаката „Безбедно за китови“ се доделува на оние бродови што спроведуваат мерки за спречување удари на китови, преку посебни термални камери, онлајн-системи за известување, промени во бродските рути и имаат за цел подигнување на свеста за колективен дијалог во насока на осмислување ефикасни решенија, конечно и до неопходни измени во поморскиот сообраќај.
Италијанско-швајцарската компанија „МСЦ Крузес“ неодамна ја доби наградата „Одржливи крузери“ заради нивната ригорозна импементација на мерките за заштита на загрозената популација китови.
Извор: МИА