Брижит Бардо ќе добе своја статуа во Сен Тропе

Од:

Француската актерка Брижит Бардо ќе биде почестена со статуа висока 2,5 метри која е поставена во туристичкиот град Сен Тропе. Статуата ќе биде откриена утре, на нејзиниот 83-ти роденден.

Името на Бардо асоцира на самото одоралиште, оти таа и го популаризираше, со филмот „И Бог ја создаде жената” од 1956.

Бардо беше муза на бројни режисери и продуценти, како што се Роже Вадим (нејзиниот прв сопруг), Жан-Лук Годар, Луи Мал… Таа ја заврши филмската кариера во 1973 година, и оттогаш се посвети на дејности за заштита на животните.

Бронзената статуа на глумицата е базирана на илустрации на италијанскиот уметник Мило Манара, којшто имаше можност да ја наслика во акт додека таа беше помлада.

Не се очекува ѕвездата да присуствува на церемонијата на отривање на статуата, но испрати своерачно напишано писмо до градските власти, во кое им се заблагодарува за укажаната чест.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ