Бритни Спирс се сврши по третпат

Од:

Американската поп-пејачка Бритни Спирс се сврши со своето момче Сем Асгари (27) и објави видео на својот интернет-простор на коешто се пофали со дијамантскиот прстен.

Видеото за еден ден го погледнале над 1,6 милиони корисници на Инстаграм. Честитки им испрати и американската старлета Парис Хилтон.

Бритни Спирс во 2016 година го запозна 12 години помладиот Асгари, на снимањето на видеоспотот за песната „Slumber Party“. Пејачката, инаку, има две деца од претходниот брак со раперот Кевин Федерлајн. Таа претходно беше кратко омажена и за нејзиниот пријател од детството – Џејсон Александар, но тој брак траеше само 55 часа.

Бритни Спирс се прослави со хитовите „Toxic“, „Womanizer“, „Baby One More Time“, „Scream and Shout“, „I Wanna Go“ и „Till the World Ends“.

Би можело да ве интересира

Бритни Спирс го обнови контактот со синот, не се виделе со години

А1он

Ќе се снима филм според мемоарите на Бритни Спирс

(ВИДЕО) Бритни Спирс: Ограбена сум

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс откри дека го абортирала детето на Џастин Тимберлејк: „Тој не сакаше да биде татко“