Бритни Спирс „плачела две недели“ по последниот биографски документарец

Од:

Бритни Спирс вели дека „плачела две недели“ откако погледнала дел од последниот документарен филм којшто ја прикажува нејзината кариера и животот воопшто.

„Местенката за Бритни Спирс“ (Framing Britney Spears) беше премиерно прикажан во февруари и го испитува издигнувањето на поп-пејачката до врвот на музичката индустрија, нејзиниот третман од страна на таблоидите, нејзиното психијатриско лекување 2008 година и сè што следеше потоа…

Спирс и претходно говореше за документарецот, но вчеравечер преку Инстаграм, таа меѓу другото, напиша: „Не го гледав документарецот… Но, она што го видов, ме остави засрамена во светлото во коешто ме претставија. Плачев две недели… И, добро… Сè уште плачам понекогаш!!!!“.

Изјавата е придружена со видео од поп-ѕвездата како танцува на песната „Crazy” (Луда) од „Аеросмит“.

Би можело да ве интересира

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс проговори за нивниот брак: „Тоа беше најтешкото“

А1он

Бритни Спирс го обнови контактот со синот, не се виделе со години

А1он

Ќе се снима филм според мемоарите на Бритни Спирс

(ВИДЕО) Бритни Спирс: Ограбена сум

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ