Бритни Спирс обвинета за напад врз вработена

Од:

Бритни Спирс е осомничена за физички напад врз вработена во својот дом. Поп-ѕвездата е под истрага од полицијата во Округот Вентура. Првиот коментар на обвинетата страна е дека инцидентот е „напумпан“.

„Во понеделникот, околу 10:25 часот, имаше спор меѓу г-ѓа Спирс и еден од нејзини вработени, во домот на г-ѓа Спирс. Член на персоналот пријави дека за време на спорот, г-ѓа Спирс ја удрила (вработената). При настанот нема повредени. Полицијата реагираше во домот на г-ѓа Спирс и спроведе истрага. На крајот, извештаите ќе бидат проследени до Канцеларијата на окружниот обвинител во Округот Вентура за да се разгледаат. Инцидентот е класифициран како едноставен прекршок“, соопштија властите.

Таа, инаку сѐ уште се бори и за судско ослободување од посебниот надзор на татко ѝ, со рочиште закажано за крајот на идниот месец.

Извор близок до Спирс ја оцени состојбата како медиумска „напумпана таблоидна приказна“. Според ова, немало физичка пресметка и неименуваниот пријател повтори дека никој не е повреден.

Би можело да ве интересира

Бритни Спирс го обнови контактот со синот, не се виделе со години

А1он

Ќе се снима филм според мемоарите на Бритни Спирс

(ВИДЕО) Бритни Спирс: Ограбена сум

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс откри дека го абортирала детето на Џастин Тимберлејк: „Тој не сакаше да биде татко“