Познатата пејачка Бритни Спирс беше нокаутирана во Лас Вегас од личното обезбедување на првиот пик на овогодинешниот драфт на НБА, Виктор Вембањама. Инцидентот се случил во ресторанот на хотелот и се е пријавено во полиција.
Пејачката Бритни Спирс поднесе обвинение за напад против обезбедувањето на францускиот кошаркар Виктор Вембањама кој ја нокаутираше.
Бритни влегла во ресторанот со сопругот и уште две лица. Таа забележала дека францускиот кошаркар е таму и решила да му пријде за да се фотографираат заедно.
Сепак, таа нема добро да го памети овој ден. Таа го удрила Виктор по рамото за да го замоли за фотографија, и веднаш била нокаутирана.
Припадник на личното обезбедување ја нокаутираше познатата пејачка. Несреќната 41-годишна паднала на подот, но за среќа не се здобила со сериозни повреди и веднаш станала.
Брзо отишла до својата маса. Човекот кој ја удрил набрзо дошол да се извини, а таа го прифатила неговиот изговор:
„Знаеш како се одвиваат работите кога си опкружен со обожаватели“, рекол членот на обезбедувањето.
На крајот на краиштата, пријавата за напад е поднесена и човекот од обезбедувањето најверојатно ќе биде казнет. Се извинил и кошаркарот, кој објаснил дека во прв момент обезбедувањето не знаело дека се работи за познатата пејачка и не ја препознале.