Бритни Спирс јавно му се заблагодари на момчето

Од:

Бритни Спирс на Инстаграм објави фотографија со своето момче Сем Асгари, го пофали и во пораката нагласи дека му е многу благодарна.

„Тој беше со мене во најтешките години од мојот живот, а освен тоа, и готви прилично добро“, напиша пејачката во описот на сликата.

Според обожавателите, тие се прекрасна двојка.

„Се надевам дека е навистина толку добар, затоа што изгледаш среќно со него“, „Среќата ти прилега“, „Конечно се смееш“, „Мило ми е што се чувствуваш сакана, Бритни“ – гласат дел од коментарите.

Сем и Бритни се во врска од 2016 година, и тој гласно ја поддржа кампањата „Слобода за Бритни“ (#FreeBritney), започната од нејзините обожаватели за да го натераат нејзиниот татко Џејмс Спирс да се повлече од посебниот надзор над неа.

Џејми неодамна се согласи да се повлече од туторството, но рече дека пејачката била „спасена од катастрофа“ со тоа и дека јавноста всушност ќе му се заблагодарува, доколку знае колку биле опасни нејзината зависност и менталните здравствени проблеми.

Би можело да ве интересира

Бритни Спирс го обнови контактот со синот, не се виделе со години

А1он

Ќе се снима филм според мемоарите на Бритни Спирс

(ВИДЕО) Бритни Спирс: Ограбена сум

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс откри дека го абортирала детето на Џастин Тимберлејк: „Тој не сакаше да биде татко“